Судбината на Џек Вилшер сеуште не е јасна, не е познато дали ќе остане или ќе го напушти Арсенал по завршувањето на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој фудбалер ретко игра во стартниот тим на Арсенал, шанса добива само во натпреварите во Лигата на Европа, а договорот му истекува на крајот од сезоната.
Венгер сака да го задржи и после завршувањето на сезоната, но прашање е дали Вилшер е спремен да ги прифати условите кои ги нуди Арсенал.
„Во клубот размислуваме што е најдобро за него, тој е дете на Арсенал. Во овој момент не мислам на преодниот рок, но секогаш со задоволство би го слушнал неговото мислење. Мислам дека на интерес во сите е тој да остане тука и да се бори за своето место“, изјави Венгер.
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал секако ќе се обиде да се наметне кај Венгер до крајот на сезоната, а потоа ќе следи одлуката за неговата судбина.