Дома Фудбал Англија Венгер: Арсенал сезоната ќе ја заврши во врвот на табелата

Венгер: Арсенал сезоната ќе ја заврши во врвот на табелата

Aрсенал го има најлошиот старт во првенството после 67 години.

„Топџиите“ во воведните три кола во Премиер лигата имаат три порази со гол разлика 0:9 и се наоѓаат на последното место на табелата. Очигледно е дека клубот е во криза, иако тие се тимот кој летово потроши најмногу од европските клубови.

Легендарниот Арсен Венгер повеќе од две децении беше на кормилото на Арсенал и тој тврди дека Арсенал ќе почне да игра онака како што се очекува.

„Арсенал има група одлични играчи и до крајот на сезоната ќе заврши во врвот на табелата“, смета Венгер.

Сезонава единствен добар натпревар на Арсенал кој може да се издвои е победата против ВБА во Лига купот од 6:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…