Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Велс ја победи „анемичната“ Турција🎥

Велс ја победи „анемичната“ Турција🎥

Репрезентацијата на Велс славеше против селекцијата на Турција со 2:0 во второто коло од групата А.

Велс беше подобра селекција од самиот старт и Рамзи ја имаше првата голема шанса уште во почетните минути.

Клучниот момент се случи пред крајот на првиот дел , односно во 41.минута кога Арон Рамзи на феноменална асистенција на Герет Бејл остана сам пред голманот и лесно го матираше.

Бејл се посрамоти во 61-та минута и промаши пенал, но Турција не успеа да го казни промашувањето. Во последната минута Робертс ги постави конечните 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…