Вест Бромвич Албион потврди дека Гжегож Кричовјак пристигна на едногодишна позајмица. Кричовјак пристигнува од ПСЖ, а ВБА ќе има должност кон него да ги исплати месечно од 470.000 фунти.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кричовјак изминатата година пристигна во ПСЖ од Севиља за 34 милиони фунти, но, од тогаш во француската Лига 1 одигра нешто помалку од 700 минути.
„Имав доста понуди од Шпанија и Италија, но ова е многу амбициозен клуб. Овде владее одлична атмосфера“, исткна полскиот фудбалер за официјалната страна на ВБА.
Првиот човек на ВБА, Џон Вилијамс, смета дека доведувањето на Кричовјак е значаен потег за овој клуб, па истакна дека фудбалерот има фантастична репутација.
„Ова е фантастичен договор за Албион и многу сме задоволни што го реализиравме овој трансфер. Тој пристигнува со репутаиција чесно заработена. Неговото сиви во европскиот фудбал е јасно и говори за неговите квалитети“, истакна Вилијамс.