Дома Останати Вајт тврди: Кабиб не мрда од УФЦ, за Зубаир не сум сигурен

Вајт тврди: Кабиб не мрда од УФЦ, за Зубаир не сум сигурен

0
white khabib

Веќе добро познато е што направи Кабиб Нурмагомедов после борбата со Конор Мекгрегор во одбраната за шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ.

После целиот хаос Нурмагомедов се закани дека ќе го напушти УФЦ ако неговиот пријател кој влезе во кафезот добие казна.

Сепак, претседателот на УФЦ Дан Вајт во разговор за медииумите истакна дека Кабиб останува во организацијата и дека сите проблеми се решени.

„Се е добро со Кабиб. Не знам против кого ќе се бори, ништо за тоа не сме разговарале. Треба да го оставите да ужива во победата, се може подоцна да се направи“, изјави Вајт.

Вајт потврди за Кабиб, но додаде дека не е сигурен за неговиот пријател Зубаир Тукхогов.

„Се решивме, ако има уште нешто и тоа ќе го решиме. Беше лут, но борците често пати се емотивно. Мојот однос со него е одличен. Сигурно останува во УФЦ, но не знам дали тоа ќе се случи и со Зубаир. Ќе видиме“, изјави Вајт.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Американски ММА борец од само едно кроше се здоби со осум фрактури (видео)

Американскиот ММА борец и бивш член на UFC, Сејџ Норткат, ќе се обиде што поскоро да го за…