Дома Фудбал Останато Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Вајналдум со еден „лајк“ го откри новиот клуб📷

Жеоржино Вајналдум ќе го напушти ПСЖ ова лето, а пред неколку дена медиумите објавија дека Холанѓанецот бил понуден на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Вајналдум и е спремен да го пушти на позајмица, притоа да плаќа дел од неговата плата.

Во такви услови Рома е заинтересирана да го донесе на едногодишна позајмица и стапила во контакт со неговиот агент.

Рома може да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина да ја добие од ПСЖ. 

Дека Холанѓанецот е навистина блиску до трансфер во Рома открива неговиот потег на социјалните мрежи.

Имено, Вајналдум стегна „лајк“ на фотографија со легендата на Рома, Франческо Тоти и новото засилување на римскиот клуб, Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Застани, погледни, шутирај: Тајната на пеналот што го полуде фудбалот (Видео)

Лионел Меси, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо и Нејмар ја користат за да ги надитрат голм…