Денес на програмата на ЕУРО 2020 се два натпревари од групата Д. Крајно интересна и неизвесна е оваа група која се игра на Островот, а особено интересен е мечот во Глазгов каде евентуалниот победник ќе оди во следната фаза. Свое видување и предлози за овие две средби дава Александар Васоски, поранешниот македонски репрезентативец и сега менаџер на Академија Пандев.
Група Д: Чешка – Англија ( време: 21:00 ч. )
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На овој натпревар мисам дека ќе победи Англија. Англичаните се репрезентација која не смее да си дозволи да си игра со своето реноме. Мислам дека единицата е многу реален исход од овој дуел. Чешка одигра два добри натпревари со Хрватска и со Шкотска, но сега на овој дуел во Англија мислам дека ќе го доживеат првиот пораз на првенството.
ТИП: Чешка – Англија – 1-1 3+ @ 2.85 во Bet365
Група Д: Хрватска – Шкотска ( време: 21:00 ч. )
Интересен ќе биде овој натпрвевар за следење. Двете селекции имаат по еден бод и со победа некој од нив може да ја мине групната фаза. Шкотска ќе игра пред своите навивачи во овој решавачки натпревар. Но сепак искуството е на страната на хрватите, а тоа е многу важно на натпревари од толку големо значење и важност како овој дуел. Мислам дека Хрватска ќе победи во Глазгов.