Ракометарите на Вардар не чекаа долго за прва победа во претсезоната. По поразот од Хамбург (25-31), во вториот меч на турнирот во Германија го совладаа Фуксе Берлин, со 32-24.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освојувачот на ЕХФ-купот можеше да се носи со Вардар само во одредени делови од мечот, особено во првото полувреме. Беше релативно изедначено, додека Вардар не направи чекор напред и на пауза замина со 15-13.

Во првите 15 минути од вториот дел Фуксе постигна само три гола, а Вардар почна да се одлепува, водејќи со 20-16. Во добро светло се покажа голманот Дејан Милосављев со девет интервенции, овозможувајќи им на своите колеги да го зголемат водството до крајот.

Дибиров со седум и Криштопанс со шест гола беа најефикасни меѓу црвено-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Eден од најстарите ракометни клубови во Македонија веќе нема да игра во Суперлигата – се откажа поради пари!

Еден од најстарите и најпрепознатливи македонски ракометни клубови, Пролет, од следната се…