Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар против Кил се бранеше и со осум играчи и повторно прими гол 🎥

Вардар против Кил се бранеше и со осум играчи и повторно прими гол 🎥

Tимот на Вардар вчера одигра едно добро полувреме во кое водеше со три разлика против Кил, но потоа во второто германскиот тим ги презема работите во свои раце и постигна 19 голови со кои дојде до победата.

На овој натпревар во 18. минута се случи еден интересен момент. Вардар постави зона „шест еден“, меѓутоа на теренот место седум играчи имаше, човек повеќе. Делегатот на натпреварот тоа не го забележа, меѓутоа и во таква ситуација Дувњак одлично го проигра Пекелер кој реализираше.

Овој момент на својот Инстаграм профил го објави норвешкиот ракометен експерт Бент Дал кој покрај видеото напиша: Научете како да го „отворите“ новиот 6-1 систем за одбрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Бабиќ: Не чека голема борба и една ментална битка!

Утре од 20:45 часот Еурофарм Пелистер ќе го пречека Спортинг Лисабон во рамките на Европск…