Tимот на Вардар вчера одигра едно добро полувреме во кое водеше со три разлика против Кил, но потоа во второто германскиот тим ги презема работите во свои раце и постигна 19 голови со кои дојде до победата.
На овој натпревар во 18. минута се случи еден интересен момент. Вардар постави зона „шест еден“, меѓутоа на теренот место седум играчи имаше, човек повеќе. Делегатот на натпреварот тоа не го забележа, меѓутоа и во таква ситуација Дувњак одлично го проигра Пекелер кој реализираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој момент на својот Инстаграм профил го објави норвешкиот ракометен експерт Бент Дал кој покрај видеото напиша: Научете како да го „отворите“ новиот 6-1 систем за одбрана.
— Stefan Daskalov (@StefanDaskalov5) October 28, 2021