Вардар викендов по поразот во дербито со Пелистер во претходнто коло го чека уште еден сериозен тест и тоа против Шкупи.
Пред овој натпревар од редовите на црвено-црните објавија важно соопштение:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00ч. на Арената ,,Тодор Проески”, донесени се следните одлуки:
Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
Посетителите натпреварот ќе може да го проследат од јужната, односно западната трибина на стадионот.
Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
Во под трибинскиот простор на јужната, односно западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на пијалоци, кои ќе работат во текот на целиот натпревар.
Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила!
На Градски – за Вардар“, стои во објавата на Вардар.