Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар: Милосављев, Мораеш, Карачиќ, Кисељев, Калараш, Јања, Парондо – ви благодариме!

Вардар: Милосављев, Мораеш, Карачиќ, Кисељев, Калараш, Јања, Парондо – ви благодариме!

Вардар оваа сезона уште еднаш ја израдува македонската јавност и ја освои втората европска титула после онаа во 2017 година.

И покрај сите проблеми кои ги имаа надвор од теренот ракометарите на Вардар херојски играа на фајнл-фор турнирот прво со епски пресврт ја победија Барселона, а потоа во финалето беа подобри од Веспрем.

Сепак и покрај тоа неколку ракометари го напуштаат Вардар.

Денес преку својата Фејсбук страна Вардар им се заблагодари на Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Глеб Калараш, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.

„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.
Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.СРЕЌНО!“, стои во објавата на Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

По две победи за четири екипи на скопската ракометна средба за У13

Топка Аеродром, Пролет 62, Илинден и Македонија Ѓорче Петров 1 забележаа по две победи во …