Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар и Којашевиќ спогодбено се разделија

Вардар и Којашевиќ спогодбено се разделија

Македонскиот шампион Вардар и фудбалерот Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, соопштија денес „црвено-црните“ на својата официјална страна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, и за Вардар забележа точно 50 настапи, на кои постигна 13 голови.

Којашевиќ зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, и три во Купот на Македонија.

Вардар му се заблагодарува на Којашевиќ за заедничката соработка во овие 1,5 година, и му посакува многу успех во новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …