Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар избори опстанок, а Гачевски сега порача: Одиме по титула!

Вардар избори опстанок, а Гачевски сега порача: Одиме по титула!

Во вчерашниот бараж натпревар Вардар го победи Детонит Плачковица со 2:0 и така се избори за место во Првата македонска лига и наредната сезона.

Актуелната сезона беше турбулентна за „црвено-црните“. Многумина во еден период и го „отпишаа“ Вардар, меѓутоа на крајот вардарци изборија опстанок.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


По победата против Детонит на социјалните мрежи се огласи голманот Филип Гачевски кој испрати порака.

„Браво момци, целта е остварена!!! Секоја чест Комити!!! Што ветивме – остваривме, наредна сезона одиме по титула! Еден живот – една љубов! Да живее Вардар и Македонија“, објави чуварот на мрежата на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал експресно најде замена, во Мадрид доаѓа најталентираниот дефанзивец во Европа

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …