Откако ги завршија лекарските прегледи во Скопје и тренираа неколку денови ракометарите на Вардар заминува на планина, на Крањска Гора, Словенија каде ќе ги одржи физичките подготовки. Со екипата отпатуваа и три млади ракометари, Андреј Петковски, Марко Мишевски и Даниел Ставровски. Во Скопје единствено остана Даниел Ѓорѓески кој ќе работи по специјална програма како дел од рехабилитацијата по операцијата на лигаментите на коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Словенија ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност. На 9 август се заминува за Германија каде е планирано во перидот од 10 до 12 август да настапат на силен турнир.

На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…