Дома Ракомет Вардарки ја продолжуваат победничката серија, поразен и Крим

Вардарки ја продолжуваат победничката серија, поразен и Крим

Македонскиот женски ракометен шампион, тимот на Вардар продолжува да реди победи, вечерва тиа забележаа триумф на гостувањето во Љубљана против домаќинот Крим со 29:32 во рамките од ВРХЛ регионалното натпреварување.

По првиот дел „црвено-црните“ девојки имаа минимална негатива од 18:17, но во вториот половина час работите дојдоа на свое место и на крајот фаворитот без проблеми дојде до победата.

Со оваа средба всушност започна вториот турнир од регионалното натпреварување. На првиот турнир кој се играше во Подгорица, Вардар беше подобар од Будуќност и Крим, а токму со Будуќност „црвено-црните“ девојки ќе играат и утре со почеток во 16 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Клењоски со седум гола, Македонија без бодови на отворањето во Подгорица

Македонската селекција до 16 години загуби од Црна Гора со 20:26 на Регионалниот Челинџ ку…