Дома Фудбал Варан после „Ел Класико“ објави вознемирувачка фотографија од неговото колено (ФОТО)

Варан после „Ел Класико“ објави вознемирувачка фотографија од неговото колено (ФОТО)

Рафаел Варан ќе има „успомени“ од натпреварот против Барселона во шпанскиот куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дека фудбалскиот дуел на најголемите ривали во Шпанија е нешто повеќе од натпревар и дека често преминува во вистинска „војна“, сведочи фотографијата која на својот профил ја објави Рафаел Варан.

„Ел Класико“ натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона имаше нова епизода во реваншот од полуфиналето на Копа Дел Реј каде што Каталонците во натпревар во кој ги искористија своите шанси славеа победа со 3:0 и така со вкупни 4:1 обезбедија финале.

На играчите на Реал не им беше лесно во дуелите со Меси и екипата. Модриќ се најде на столбот на срамот после еден неспортски потег да го запре Аргентинецот со влечењето за дрес, а фотографите сето тоа го забележаа.

Но, болни успомени од „Класико“ ќе има и Варан кој водеше жестоки дуели со напаѓачите на Барселона. Тој објави и како изгледа неговата нога после дуелите со Меси, Суарез и останатите напаѓачи на Барселона.

Варан освен повредата на ногата си постигна и автогол, па така може да се каже дека вчера имаше ноќ за заборав.

https://www.youtube.com/watch?v=Pi_-Ci1iNvg

Сепак, Французите и неговите соиграчи ќе имаат прилика за реванш за неколку дена кога на програмата е „Ел Класико“ во првенството. Реал Мадрид и Барселона повторно ќе играат веќе во сабота во Мадрид со почеток од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра го откри својот најголем фаворит на Мундијалот: Немаат конкуренциај, не гледам кој би ги запрел…

Досега на Светското првенство, Франција остави најсилен впечаток. Екипата на Дидие Дешамп …