Дома Фудбал Варан објасни како ќе го чува Меси

Варан објасни како ќе го чува Меси

Францускиот стопер на Реал Мадрид е свесен дека вечерва го чека тешка задача.

Варан ќе мора повторно да го чува Лионел Меси и тоа на „Ноу Камп“. Французинот е свесен дека сам ќе му биде тешко.

Меси не постигна погодок во последниот натпревар на Барселона, но е шесткратен освојувач на Златната топка и успеа да постигне 12 голови на 11 настапи во Ла Лига оваа сезона.

„Тој е посебен играч и не можете да се браните против него како и против другите тимови. Тој има свои карактеристики и мораме да се фокусираме на тимска одбрана. Мораме заедно да се трудиме да му го намалиме просторот“, изјави Варан.

„Ел Класико“ се игра вечерва со почеток во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв тест за футсалците: во Финска почнува битката со Шпанците во групата

Македонската футсалска селекција вечерва од 17:30 часот гостува во Вантаа. По дуелот со Фи…