Дома Топ вести Варан: Не се откажуваме од титулата, табелата не ја гледаме

Варан: Не се откажуваме од титулата, табелата не ја гледаме

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан изјави дека Кралевите нема да се откажат од борбата за титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал со поразот од Еспањол (1:0) дополнително ги намали своите шанси да дојде до титулата, а иако заостанувањето зад водечката Барселона моментално изнесува 14 бодови, Варан не го губи оптимизмот.

„Секогаш мора да дадеме се од себе за дресот на Реал. Не смееме да се откажеме од првенството. Нема да ја гледаме табелата и големата разлика, туку ќе се фокусираме на победите. Од тоа не смееме да одстапиме.“ – изјави Варан.

Единствено што може да ја спаси сезоната на Реал е Лига на шампиони. Во првиот натпревар од осминафиналето Реал го победи ПСЖ со 3:1, а реваншто се игра во Париз на 6. март.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Легендата разочарана по испаѓањето на СП и разделбата: “Ме оставија сам”

Раното испаѓање на Уругвај од Светското првенство 2026 година веќе во групната фаза не сам…