Дома Фудбал Англија Ван Перси до Солскјер: Не е време за смеење

Ван Перси до Солскјер: Не е време за смеење

Манчестер Јунајтед вчера беше поразен од Арсенал на „Емирати“.

Арсенал го доби дербито со 2:0, а после натпреварот интересен коментар даде играчот кој го носеше дресот на двата тима, Робин Ван Перси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ван Перси забележал дека Солскјер се смеел после натпреварот, па му порача на Норвежанецот дека не е време за такво нешто.

„Кога го слушам Оле ми звучи како добар човек. Би сакал да го видам лут понекогаш. Видов насмевка на неговото после еден ваков натпревар, а ситуацијата во која е Јунајтед не е за смеење. Тренерот треба да биде малку строг, играчот да знае дека ако не го исполни она што се бара ќе добие казна“, порача Ван Перси.

Легендарниот холандски фудбалер од 2004 до 2012 година го носеше дресот на Арсенал, потоа премина во Манчестер Јунајтед каде што се задржа до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фернандеш одбил огромна понуда од С. Арабија – позната е причината!

Бруно Фернандеш откри дека минатото лето бил многу блиску до заминување од Манчестер Јунај…