Дома Фудбал Англија Ван Нистерлој по одличниот натпревар доби вест која не ја очекуваше

Ван Нистерлој по одличниот натпревар доби вест која не ја очекуваше

Легендата на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој синоќа имаше победничко деби на клупата на „црвените ѓаволи“ и го предводеше тимот до триумф од 5-2 против Лестер во осминафиналето на Лига купот.

Овој резултат веднаш предизвика позитивни реакции кај навивачите, кои се надеваат дека Ван Нистелрој ќе внесе нова енергија во тимот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако беше назначен за привремен тренер, сега е јасно дека поранешниот напаѓач ќе остане на чело на тимот подолго од првично планираното. Имено, Рубен Аморим кој треба да биде нов тренер на тимот одлучи да остане во Спортинг до 10 ноември, кога почнува репрезентативната пауза и тогаш да се пресел на „Олд Трафорд“.

Тоа значи дека тој ќе го води тимот во натпреварите со Челзи, ПАОК и Лестер. За Ван Нистерлој ова е одлична вест бидејќи ако Јунајтед се покаже во одлично светло би можел самиот да си даде препорака за следниот ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Неверојатниот Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот

Лионел Меси со феноменална изведба го одведе Интер Мајами во полуфиналето на Источната кон…