Дома Фудбал Италија Ванда: Мауро ме слуша и никогаш ништо не ми брани

Ванда: Мауро ме слуша и никогаш ништо не ми брани

0

Ванда Нара, сопругата и агент на фудбалерот на Интер Мауро Икарди ја доби наградата „Сократ 2019“ за слобода во истражувањето сред животна бура поради ситуацијата низ која минува нејзиниот сопруг.

Многумина вклучувајќи го и поранешниот фудбалер Антонио Касано ја критикуваат и ја обвинуваат за она што му се случува на Мауро Икарди во Интер. Меѓутоа токму ситуацијата со Икарди е причина таа да биде препознаена како хероина, па доби и признание кое го објасни основачот на наградата, Чезаре Ланза.

„Изгледа дека слободата во истражувањето и е скратена на Ванда со оглед на критиките кои се испраќаат на нејзина сметка. Зошто? Можеби затоа што таа е само жена или можеби затоа што има двојна улога – сопруга и агент на Икарди? Вообичаено е други агенти да го прават она што за сега се обвинува Ванда Нара“, изјави Ланза.

Секако во говорот Ванда не можеше да не го спомене Икарди.

„Како што секогаш кажувам, пред се јас сум мајка ,мојата желба е да ги израснам и да ги изнесам на вистинскиот пат моите деца. Мауро ме слуша и никогаш ништо не ми брани, секој може да каже што сака, но според мене жените треба да се слушаат кога зборуваат со почит“, гласеше делот во кој Ванда зборуваше за Икарди.

Икарди е се подалеку од тимот на Интер, а последниот натпревар кој го одигра за „нероаѕурите“ беше на 9-ти февруари против Парма.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во финалето на Африканскиот куп на Нации во првата минута се постигна гол каков што ретко се гледа (ВИДЕО)

Чудно започна финалето во Африканскиот куп на Нации. Алжир против Сенегал поведе уше во пр…