Дома Трансфер зона Валери Божинов повторно ќе игра во Италија

Валери Божинов повторно ќе игра во Италија

Валери Божинов последен пат на еден натпревар во Италија играше во 2015 година (во дресот на Тернан) потоа ги напушти Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега изгледа дојде време бугарскиот напаѓач да се врати во Италија.

Пред неколку дена се појави информација дека Божинов е блиску до потпис со Пескара, тим кој во овој момент се натпреварува во Серија Б. Меѓутоа Божинов нема да се пресели во Пескара, туку самиот потврди дека се враќа во Италија, но еден ранг подоле.

„Навистина одам во Катанија. Причината е што Лукарели покажа голема желба да бидам дел од тимот до крајот на сезоната. Се надевам дека се ќе биде во ред и дека наскоро ќе бидам дел од клубот. Никогаш не сум играл во Серија Ц. Катанија е голем клуб кој има славна историја и традиција. Знам дека немам уште многу години фудбал и тоа ме загрижува затоа што јас сакам уште да играм фудбал“, изјави 33 годишниот напаѓач.

Инаку, Кристиано Лукарели е поранешен соиграч на Божинов и сега е тренер во Катанија. Катанија во овој момент е на осмата позиција на табелата во Серија Ц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…