Дома Фудбал Валверде: Не знам што треба да направиме, за да бидат трибините полни

Валверде: Не знам што треба да направиме, за да бидат трибините полни

Малиот број на фанови на трибините на „Камп Ноу“ беше една од најкоментираните теми после победата на Барса над Валенсија од 1:0 во полуфиналето на Купот.

Според официјалните податоци на трибините имаше „само“ 50959 гледачи, што е само 51% од капацитетот на „Камп Ноу“.

Тренерот на Барса, Ернесто Валверде после натпреварот ги истакна некои од причините за слабата посета.

„Не знам што повеќе можеме да направиме, за да ги натераме фановите да доаѓаат на нашите натпревари. Терминот не одговара, зима е, луѓето одат на работа… Сепак, и покрај се ние како тим се обидуваме да го дадеме максимумот од себе си, за да ги радуваме навивачите“, изјави Валверде.

„Што се однесува до натпреварот, доминиравме цело време. Валенсија се бранеше подобро од секој друг тим со кој сме играле сезонава. Резултатот не е лош, бидејќи победивме и не примивме гол“, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…