Дома Фудбал Останато Вакво нешто не сме виделе: Вчера беше досуден најчудниот пенал во фудбалот! (Видео)

Вакво нешто не сме виделе: Вчера беше досуден најчудниот пенал во фудбалот! (Видео)

Францускиот второлигаш Ајачио се избори за финале во плеј-офот за влез во првата француска лига откако во вчерашниот натпревар после пенали го исфрли Ле Авр.

Контроверзниот натпревар после 120 минути игра заврши 2:2, а домаќинот славеше после подоброто изведување на пенали 5:3. Ајачио поведе во 17 минута преку Гимберт, Матет изедначи во 36 минута, истиот играч ги доведе гостите во водство во 111 минута после веројатно најчудниот пенал во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, во 108 минута гостите беа во напад и промашија добра прилика. Топката се уште беше во игра, но откако се одбранија, играчот на домаќините Матје Коутадер во шеснанесетникот прво му се доближи на судијата, а потоа со рамото и го турна.

Поради тоа главниот судија Франк Шнеидер го прекина натпреварот, досуди пенал и го исклучи Коутадер.

Играчот на Ле Авр, Жан-Филипе Матет го погоди пеналот, но потоа ги провоцираше домашните навивачи поради што фудбалерот на Ајачио Саинати го удри во лице. Настана тепачка на теренот, доделен црвен картон за Метет, Саинати и уште еден играч на Ле Авр.

Натпреварот продолжи со по девет играчи на двете страни, а Камара во 125 минута постигна гол за 2:2.

Ајачио за пласман во првата лига ќе игра против Тулуз во Лига 1 заврши на 18 позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…