Дома Фудбал Останато Вакви услови тешко дека ќе одбие некој: ПСЖ спреми нов договор за Мбапе!

Вакви услови тешко дека ќе одбие некој: ПСЖ спреми нов договор за Мбапе!

Килијан Мбапе минатата сезона беше фантастичен во дресот на ПСЖ.

Младиот Французин одигра 43 натпревари и постигна 39 голови од кои 33 беа во првенството на Франција со што беше и најдобар стелец во Лига 1 минатата сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога игра во таква разбирливо е да има интерес за неговите услуги. Меѓутоа во текот на летото тој остана верен на Париз.

Сепак на доделувањето на наградите за најдобрите Мбапе даде изјава со која ја остави вратата за можно заминување подотворена.

„Можеби е време да превземам поголема одговорност. Тоа може да биде во ПСЖ или некаде на друго место“, изјави Мбапе.

Поради тоа во Париз не можат да бидат сигурни дека Мбапе ќе остане, па поради тоа ќе му понудат нов договор според кој ќе заработува вртоглави 50 милиони евра годишно со бонуси.

Во овој момент 20 годишниот фудбалер има договор до 2022 година, а доколку ја продолжи соработката тогаш ќе се обврзе на верност со ПСЖ до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со анти…