Дома Фудбал Вакви голови може да се видат само во Турција – Несреќниот играч не разбра што се случува!

Вакви голови може да се видат само во Турција – Несреќниот играч не разбра што се случува!

Аланијаспор го совлада Трабзонспор со 3:1 во натпреварот од 28. коло на турската Суперлига, а натпреварот го одбележа сцената од 38. минута кога беше виден еден од најбизарните голови во последните години.

Огуз Ајдин ни крив ни должен постигна гол во 38. минута на натпреварот помеѓу Анталијаспор и Трабзонспор и му донесе предност на својот тим од 2:0.

Голема грешка направија голманот Угурџан Чакир и дефанзивецот Стефано Денсвил. Голманот на Трабзонспор му ја додаде топката на стоперот кој беше невнимателен и не виде дека топката е веќе изиграна кон него.

Огуз Ајдин го искористи тоа максимално и ја испрати топката во празната мрежа за предност на неговиот тим од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…