Дома Фудбал Италија Важен играч на Рома става потпис на нов договор

Важен играч на Рома става потпис на нов договор

Играчот за врска на Рома и италијански репрезентативец, Лоренцо Пелегрини се согласил да потпише нов договор со „волчицата“, пренесува „Газета дела Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


24-годишниот Италијанец ќе потпише договор до јуни 2024 година со плата од три милиони евра годишно. Во исто време, од договорот ќе биде отстранета и откупната клаузула во висина од 30 милиони евра.

Токму тоа беше и основната причина Рома да му предложи нов договор на Пелегрини, со оглед на фактот што многу клубови се заинтересирани за него и се спремни да ја платат откупната клаузула.

Пелегрини оваа сезона настапи само на седум натпревари во сите натпреварувања поради повреда, но е меѓу најдобрите асистенти во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…