Жешко лето за италијанскиот фудбал….
Убави работи се случија за Јувентус и Серија А со доведувањето на Кристиано Роналдо, кој ќе значи многу за медиумското внимание на лигата би можело да започне и враќањето на старите патеки на славата, Но не е се „розево“…
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Некои помали клубови патат и пропаѓаат. Доцна во ноќта изминатата вечер стигна веста дека клубот Бари банкротирал!
Клубот од стадионот „Свети Никола“ не успеа да собере доволно финансиски средства и да се регистрира за натпреварување во Серија Б, поради што челниците на ФС Италија го фрлија во амбис – после 110 години во највисокиот амаетерски ранг, Серија Д.
Сопствникот на Лидс, Андреа Ридарчани и локалниот бизнисмен Фердинандо Наполи започнаа процес за превземање на клубот, имаа желба да помогнат, но немаше доволно време за целата работа да се заврши. Рокот на Бари истече вчера во 18:00 часот.
Пред само четири години на стадионот „Свети Никола“ се собраа повеќе од 50.000 гледачи кои го славеа враќањето на симпатичниот клуб во Серија Б.
„Катастрофален ден не само за Бари, туку и за целиот италијански фудбал. Ова боли 1.000 пати повеќе од било кој пораз на теренот. Се обидовме да направиме се што можеме, можеби одев дури и над своите должности како градоначалник. Работев како навивач на овој клуб и домаќин. Не успеавме. Мораме да продолжиме понатаму. Фудбалот во Бари не смее за згасне овој јули“, порача првиот човек на градот Антонио Декаро.
Заедно со Бари во Серија Д оди и Чезена, додека Авелино, барем засега успеа да се спаси.
И тоа не е се. За денес е закажано „судење“ на Киево и Парма, па не е исклучена можност да дојде и до промена на клубовите во највисокиот ранг.