Фудбалската федерација на Бугарија ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Македонија кој ќе се игра во Разград во рамки од Лигата на Нации.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Билетите се продаваат оналјн преку мрежата „Еventin“ – ТУКА, а може да се купат и во билетарата во Разград. Наскоро ќе бидат објавени и повеќе локации.




Висината на цената зависи од месното на седење, па така најевтин е секторот Б каде што билет чини околу шест евра. Во секторот А билетите се продаваат по околу девет евра, а најскапиот билет е 12 евра. Има и ВИП влезници нивната цена изнесува 30 евра.




Натпреварот помеѓу Бугарија и Македонија се игра на 2. јуни во терминот од 19:00 часот.