Дома Видео Бруно Фернандес не издржа: Заплака и го “потврди“ трансферот во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандес не издржа: Заплака и го “потврди“ трансферот во Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Спортинг Лисабон синоќа во пријателски натпревар беа поразени од Валенсија со 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спортинг поведе во петата минута со голот на Бас Доста за 1:0, но Валенсија успеа да дојде до пресврт со головите на Кондогбија и Гамеиро и да слави во овој натпревар со 2:1.

Сепак, во центарот на вниманието се најде Бруно Фернандес кој скоро сигурно ова лето ќе го напушти Спортинг. Португалскиот репрезентативец се поврзува со трансфер во Јунајтед и се чини дека се е готово.

Навивачите на Јунајтед се сигурни дека Фернандес синоќа после натпреварот самиот “потврди“ дека заминува од Спортинг откако заплака бидејќи тоа веројатно беше неговиот последен натпревар во дресот на овој клуб.

Фернандес започна да плаче кога тренерот го извади од игра, а емоциите не можеше да ги сокрие ниту на крајот од натпреварот, бегајќи од камерата, но на сите им беше јасно дека дојде крај на соработката со Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Што ќе биде со Винисиус Жуниор?

Иако Винисиус Жуниор веќе долго време е едно од заштитните лица на Реал Мадрид, преговорит…