Дома Останати Кошарка НБА Бруклин не запира: Доведоа и четврта голема ѕвезда!

Бруклин не запира: Доведоа и четврта голема ѕвезда!

Tимот на Бруклин Нетс го потврди статусот за најголем кандидат за титулата откако ангажираше и четврта голема ѕвезда – Блејк Грифин!

Грифин беше првиот избор на драфтот во 2009 година, а пред неколку дена ја прекина соработката со Детроит Пистонс со цел да оди во клуб со шампионски амбиции. Со ова Бруклин стана единствениот тим кој во своите редови има два пика од драфтот, како и по еден од втор и трет.

Како најдобар од својата класа во НБА влезе Кајри Ирвинг во 2011, Дурант беше втор во 2007, а Харден трет во таа 2008 кога Грифин беше прв.

Никогаш претходно не се случило да има толкава концентрација на квалитет во само еден тим. Ќе видиме како се ќе функционира на паркетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија за…