Дома Фудбал Италија Бројки кои не ветуваат: Еве зошто навивачите на Милан не го сакаат Пиоли

Бројки кои не ветуваат: Еве зошто навивачите на Милан не го сакаат Пиоли

0

Стефано Пиоли наводно во овој момент е најблиску до клупата на Милан, но навивачите на Милан сакаат да спречат тој да седне на клупата.

Марко Џампаоло се покажа како промашување на Милан и после седум кола изгледа ќе си замине, а фаворит како што споменавме во овој момент е Пиоли.

Кампања „#PioliOut“ се овтори на друштвените мрежи, навивачите сакаат да спречат тој да седне на клупата. Пред се не го сакаат затоа што е поранешен тренер на Интер и јавно зборуваше дека навива за тој клуб, покрај тоа тој не ветува многу со неговите претходни (не)усепси.

Во Серија А ги водеше клубовите на 310 натпревари и запиша  109 победи, 112 порази и 89 натпревари му завршиле без победник. Во Серија Б на 250 натпревари оствари 89 победи.

Ова е статистика која не ветува и сега останува да се види дали Милан ќе ги игнорира навивачи и ќе го именува Пиоли или ќе побара некое друго решение.

Покрај Пиоли се споменуваа имињата на Саплети, Марселињо и Руди Гарсија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…