Дома Фудбал Бројките не лажат: Вчерашниот натпревар бил најлош во тренерската кариера на Гвардиола

Бројките не лажат: Вчерашниот натпревар бил најлош во тренерската кариера на Гвардиола

Aстон Вила вчера го победи Манчестер Сити со 1:0, но тимот на Унаи Емери не само што славеше туку и го надигра актуелниот европски шампион.

Статистичарите објавија податок дека вчерашниот натпревар на Гвардиола бил неговиот најлош во тренерската кариера. Само поради одличниот Едерсон на голот Манчестер Сити загуби само со 1:0, Вила имаше уште барем 2-3 одлични прилики за гол.

Манчестер Сити од друга страна имаше само два шута кон голот на Астон Вила и тоа е најмалку на еден тим кој го водел Гвардиола.

Астон Вила на Сити му шутирала дури 22 пати и тоа исто така е најмногу на еден тим против Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…