Новиот шеф на стручниот штаб на РК Металург, Данило Брестовац, го комплетира тимот на своите соработници. Прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите ќе биде Петар Мисовски, кој и досега ја обавуваше оваа функција.

Со цел да се подигне кондициската подготвеност на играчите, се преговара со врвни светски кондициски тренери од кои ќе биде избран најсоодветниот.

Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 6 август, кога е планиран и првиот собир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Чупиќ бара мини-лиги: Шест европски меча не се доволни за развој на Вардар

Тренерот на Вардар го критикува европскиот календар и предлага повеќе натпревари наместо б…