На денешните пет натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска фаворитите ја оправдаа фаворитската улога.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Академија Пандев триумфираше на гостувањето кај Борец со 1:2. Гостите поведоа со голот на Мирчевски во првиот дел, а израмни Ѓурѓевиќ во 64-та минута. Шаркоски во 87 минута им донесе победа на „пандевци“.
Скопје го победи Тиквеш со гол на Јашароски во 93-та минута, а Брегалница ја потврди одличната форма и славеше на гостувањето кај Пелистер.
Резултати:
Борец – Академија Пандев 1:2
Скопје – Тиквеш 2:1
Македонија ЃП – Струга 1:1
Пелистер – Брегалница 0:3
Шкендија – Работнички 2:0.
Вчера, Шкупи – Ренова 2:1. Фото: Димитар Петковски