Дома Фудбал Братот на Погба излезе од затвор, но не смее да има контакт со Пол

Братот на Погба излезе од затвор, но не смее да има контакт со Пол

Братот на францускиот фудбалер Пол Погба, Матијас, е пуштен на слобода по неколку месеци во затвор. 

Матијас Погба, како и уште тројца осомничени, беа уапсени во септември под сомнение дека се обиделе да изнудат пари од Пол Погба.

Матијас го напушти затворот утринава, потврди неговиот адвокат, но му е забрането да има контакт со осомничените за уцена и изнуда против Пол Погба. Исто така, му е забрането да има контакт со неговата мајка и братот Пол. Не смее да ја напушти државата или да објавува статуси на социјалните мрежи.

Пол Погба своевремено на обвинителството му пренесе дека бил киднапиран од страна на неколку лица, а едно од нив бил неговиот брат, притоа му барале 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…