Дома Фудбал Братот на Гризман го критикува Сетиен: Ми се плаче, зарем само две минути!? (ФОТО)

Братот на Гризман го критикува Сетиен: Ми се плаче, зарем само две минути!? (ФОТО)

Барселона и Атлетико вчера одиграа 2:2 во дербито во Ла Лига, а по натпреварот нови критики добива тренерот на Барселона Кике Сетиен.

За многумина е чудно што Сетиен вчера во игра Гризман го стави дури во финишот од натпреварот, во 90. минута. Поголемиот дел од навивачите сигурно очекуваа кога Гризман веќе не е во почетниот состав шанса да добие многу порано, сепак Сетиен мислеше поинаку.

Оваа одлука на Сетиен не му се допадна и на братот на Гризман кој тоа јавно го соопшти преку социјалните мрежи.

„Сериозно ми се плаче“, гласеше првата порака, па следуваше нова: „Зарем само две минути“, за третата да биде само три точки.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ловрен го напушта Енфилд и заминува далеку од Англија

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен е пред заминување од Енфилд. Иако со Лив…