Дома Фудбал Останато Бранислав Ивановиќ во Русија направил голем скандал за – ништо?!

Бранислав Ивановиќ во Русија направил голем скандал за – ништо?!

ivanovic

Руските медиуми пишуваа за голем скандал кој го потресе фудбалот во оваа земја и во кој е вклучен играчот за врска на Авангард, Димитри Коробов, но тоа изгледа било само вовед.

Тој во 33-тото коло од втората лига во Русија бил позитивен на недозволени супстанци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руската „Газета“ вечерва пишува за уште поголем скандал кој го режирал славниот српски фудбалер и поранешен играч на Челзи, Бранислав Ивановиќ.
Скандалозната ситуација се случила после натпреварот против Динамо.

Наводно, Ивановиќ после тој натпревар не сакал да оди на допинг тест и ги избркал луѓето задолжени за таа работа од тоалет. Расправијата траела околу еден час, псоле што поранешниот капитен на репрезентацијата Србија одлучил да се тестира, а тестот покажал дека е чист.

Од агенцијата „РУСАДА“ испратиле опомена до Зенит и барале клубот да зборува со Ивановиќ, а руските медиуми јавуваат дека причина за бурната реакција на Србинот е тоа што од него често се барале примероци.

Најавите се дека Ивановиќ сигурно ќе заработи казна од агенцијата, а не е исклучена можноста и да заработи казна од својот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…