Дома Фудбал Бразил ја победи Германија во натпревар со шест гола, хет-трик на Ричарлисон 🎥

Бразил ја победи Германија во натпревар со шест гола, хет-трик на Ричарлисон 🎥

Бразил во првото коло од фудбалскиот турнир на Олимписките игри ја победи Германија со 4:2.

Во овој натпревар доминираше напаѓачот на Евертон, Ричарлисон кој постигна хет-трик за половина час игра.

Ричарлисон погодуваше во седмата, 22. и 30. минута од натпреварот за водство на Бразил од 3:0 после половина час игра.

Предноста на „Кариоките“ можеше да биде и поголема ако Чуна во судиското продолжение од првиот дел реализираше пенал. На полувреме се замина со 3:0 за Бразил.

Во продолжение Германија се врати во натпреварот, додека Бразил ги промашуваше своите прилики. Амири намали на 3:1 во 57. минута. За малку неизвесност се погрижи Аче во 83. минута. Сепак, Паулињо во последните моменти од натпреварот ги постави конечните 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поро ја посакува Барселона, но Тотенхем постави цена од 70 милиони евра

Според „Спорт“, шпанскиот бек сака летен трансфер во Барселона. Каталонците, сепак, не би …