Дома Фудбал Бразил за помалку од две години промени – 15 капитени!

Бразил за помалку од две години промени – 15 капитени!

Бразилскиот селектор Тите го избрал Габриел Хесус за капитен на репрезнтацијата на Светското првенство во Русија.

Иако во тимот има многу поискусни играчи, Тите капитенската лента му ја додели на играчот на Манчестер Сити.

Селекторот на Бразил репрезентацијата ја превзема во 2016 година и за помалку од две години промени дури 15 капитени, а со тоа тој сакаше да им стави до знаење дека секој играч е важен.

Капитени до сега беа: Миранда, Дани Алвес, Ренато Агусто, Фелипе Луис, Фернандињо, Робињо, Нејмар, Тиаго Силва, Фелипе Кутињо, Марсело, Паулињо, Касемиро, Вилијан, Алисон и Габруел Хесус.

Бразил на Светското првенство кое наскоро ќе започне ќе игра во група со Швајцарија, Србија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…