Репрезентацијата на Бразил до 17 години стана светски шампион откако вчера во финалето го победија Мексико со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилците во еден возбудлив натпревар успеаа да стигнат до титулата. Првиот гол се чекаше се до 60-тата минута кога после големиот број пропуштени прилики за Бразил погоди Брајан Родригез и го доведе Мексико во водство.
Најголемите возбудувања започнаа на шест минути пред крајот. „Кариоките“ добија пенал после реакција на ВАР и најстрогата казна ја реализираше Жорге. Како што изминуваа минутите изгледаше дека ќе гледаме продолженија. Сепак, Лазаро во последните секунди од натпреварот погодува за голема радост на најфудбалската нација во светот.