Дома Фудбал Репрезентации Бразил во пет градови ќе ја организира Копа Америка 2019

Бразил во пет градови ќе ја организира Копа Америка 2019

0

Jужноамерикското првенство во фудбал, популарната Копа Америка наредното лето ќе се одржи во Бразил.

Денес беа и објавени деталите за најсилното континенталниот турнир кој ќе започна на 14 јуни 2019 година.

Бразил со оглед дека ги модернизираше стадионите за потребите на Мундијалот кој се одржа во оваа земја во 2014 година ја има потребната инфраструктура за организирање на популарната Копа Америка.

Стартот на турнирот како што споменавме е закажан за 14 јуни 2019 година на стадионот „Мурумби“ во Сао Паоло, додека финалето ќе се игра на „Маракана“ во Рио на 7 јули.


Следете го Sportski.mk и на


Останатите домаќини се „Минерао“ во Бело Хоризонте, Арена Гремио“ (Порто Алегре), Арена Палмеирас (Сан Паоло) и „Арена Фонте Нова“ (Салвадор).

Освен 10-те земју од Јужна Америка (Аргентина, Бразил, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Перу, Уругвај и Венецуела) покана за ова натпреварување добија уште Јапонија и Катар.

Последен освојувач на ова натпреварување е репрезентацијата на Чиле.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Влегуваме во фото финиш: Кој ќе биде најдобриот стрелец во 2018 година?

Tри кандидати се големи фаворити, четвртиот напаѓа од сенка. Кој ќе биде најдобар стрелец …