Дома Фудбал Бразилците се уште фаворити на кладилниците

Бразилците се уште фаворити на кладилниците

Репрезентацијата на Бразил се уште е фаворит на кладилниците пред почетокот на нокаут-фазата на Мундијалот во Русија.

Да потсетиме, Бразил и пред самиот почеток на турнирот беше фаворит дека ќе ја освои шестата титула првак на светот, а после добрите игри во групната фаза Кариоките ја задржаа оваа позиција.

Како што се очекуваше, во кругот на првите фаворити кај облужувалницата Моцарт, покрај Бразил се наоѓа репрезентациите на Шпанија, Белгија и Англија, а тука се и Франција и Аргентина. Коефициентот за Бразил е 4.50, за Шпанија 5.50, Белгија 7.50 и Англија 8.50.

Што се однесува до фаворитите, турнирот се опрости од еден, репрезентацијата на Германија, која испадна во групната фаза после поразот во последното коло од Јужна Кореја.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од можна позајмица до договор до 2031: Рома го награди Лули

Емануеле Лули останува во Рома до јуни 2031 година, со основна нето-плата од 500.000 евра …