Дома Фудбал Бојата и Хумелс направија „глупост“, може да добијат казна (фото)

Бојата и Хумелс направија „глупост“, може да добијат казна (фото)

Бундеслигата денес ја продолжи сезоната, но натпреварите се играат под строго определен протокол и со правила кои мора да се почитуваат.

Помеѓу низата правила, клучно е да се избегува контакт меѓу играчите, па поради тоа се забранети класичните прослави на головите, но многумина не беа доволно внимателни и едноставно заборавија на упатствата.

Ова особено важи за фудбалерите на Херта, кои славеа против Хофенхајм со 3-0, а речиси секој гол го прославија со гушкање. Во еден момент, Бојата го бакна Марко Грујиќ, што е против сите правила на германската фудбалска лига во моментот. 

Исто така, има многу полемики за потезите на Матс Хумелс, кој го издува носот на терен, а со тоа ја загрози безбедноста на останатите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…