Дома Фудбал Борусија Мехенгладбах со урнебесна шега на своја сметка стана апсолутен хит!

Борусија Мехенгладбах со урнебесна шега на своја сметка стана апсолутен хит!

Легендарниот германски клуб Борусија Мехенгладбах лошо ја започна сезоната, а пред три дена доживеа катастрофален пораз во дербито против Дортмунд од 6:1.

Меѓутоа, клубот не сака да се предаде, па преку социјалните мрежи ги воодушеви сите со својот хумор.

Имено, после дебаклот во Дортмунд, официјалниот Твитер профил на Мехенгладбах објави фотографија со резултат 6:1, а под шестката наместо стрелците напиша: „Премногу имиња за споменување“.

Меѓутоа од Мехенгалдбах не застанаа тука и покажаа дека и тоа како знаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Реал Мадрид денес и гостува на Борусија Дортмунд, па на официјалниот Твитер профил вчера објавија слика од аеродром и напушаа: „На пат за Дортмунд“.

На тоа следуваше одговор на Мехенгладбах кои имаат една молба до „кралевите“.

„Доколку случајно таму ја најдете нашата одбрана, ве молиме да ја проследите во Мехенгладбах“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…