Дома Фудбал Англија Бормут го шокираше Манчестер Сити, Ливерпул лидер!

Бормут го шокираше Манчестер Сити, Ливерпул лидер!

Фудбалерите на Бормут го изненадија актуелниот шампион Манчестер Сити совладувајќи го со 2:1 во рамките од 10. кол ово Премиер лигата.

Се пожали Пеп Гвардиола на проблемите со повредени фудбалери пред овој натпревар, а дека ситуацијата англискиот гигант е проблематична покажа и денешното издание на „граѓаните“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Изненадувањето беше најавено во 9. минута кога Керкез му асистираше на Семенјо за 1:0. Се обидуваа гостите да дојдат до израмнување, но не успеаа. По 20-тина минути игра во второто полувреме видовме и втор гол во мрежата на „граѓаните“, стрелаше Еванилсон.

Во завршницата од натпреварот Гундоган го постигна единствениот гол за избраниците на Пеп Гвардиола.

Ливерпул иако имаше негатива по првото полувреме против Брајтон со голот на Кадиоглу не дозволи изненадување и запиша триумф од 2:1. За домашниот тим во второто полувреме стрелаа Гакпо и Салах во 69. и 72. минута

Во останатите натпревари Ипсвич и Лестер одиграа 1:1, Нотингем со 3:0 беше подобар од Вест Хем, а Саутемптон го совлада Евертон со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри го нарекол Бонучи будала: Стоперот збеснал – малку недостасувало да се степаат!

Леонардо Бонуќи (37) е еден од најдобрите италијански стопери на сите времиња. Кариерата ј…