Дома Фудбал Бонучи проговори за својата иднина!

Бонучи проговори за својата иднина!

Дефанзивецот на Јувентус, Леонарди Бонучи е трансфер мета на многу европски гиганти, па поради тоа медиумите константно шпекулираат со неговата иднина.

Меѓутоа, италијанскиот репрезентативец категорично ги демантораше гласините дека ова лето ќе го напушти Јувентус.

Бонучи минатото лето одби мега-трансфер во Манчестер Сити, но медиумите тврдеа дека ова лето ќе прифати да се пресели во Челзи, кај неговиот поранешен тренер Антонио Конте.

„Јас останувам во Јувентус сигурно. Тоа се само шпекулации“, јасен беше Бонучи.

Бонучи е лидер на одбраната на Јувентус и еден од најдобите стопери во светот, а неодамна го продолжи договорот со „старата дама“ до 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…