Дома Фудбал Италија Бонучи: Милан конечно стана вистински тим!

Бонучи: Милан конечно стана вистински тим!

По превземањето на тимот од страна на Џенаро Гатузо Милан едноставно блеска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џенаро Гатузо успеа сезоната која одеше кон бездната да ја претвори можеби дури и во успешна. Милан ги врати надежите за пласман во Лигата на шампионите, покрај тоа се избори за финале во купот на Италија каде што ќе игра против Јувентус.

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи не го криеше своето воодушевување и преку социјалните мрежи конечно порача дека Милан конечно станал вистински тим, но и додаде дека се уште ништо не направиле.

„Постојат натпревари во кои срцето ви помага да ги надминете тешките моменти. Ова се натпревари во кои срцето и душата прават тим. Се боревме, како тим, сега се припремаме за дербито како тим. Скромноста и желбата да напредуваме ни се потребни до крајот на сезоната со цел да ги оствариме целите кои неодамна изгледаа како невозможни“, напиша Бонучи на својот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сега ќе суди финале на Мундијалот, а за малку ќе си ја уништеше кариерата поради српска старлета

Славко Винчиќ денес е едно од познатите имиња во светскиот фудбал. Овој словенечки судија …