Дома Фудбал Лига на шампиони Бонучи им се извини на фановите на Јувентус

Бонучи им се извини на фановите на Јувентус

Јувентус и оваа сезона се соочи со рана елиминација од Лигата на шампионите, „старата дама“ најелитното европско натпреварување уште еднаш го заврши осминафиналето, трета година во низа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Леонардо Бонучи кој поради повреда не беше во составот на Јувентус за овој дуел утрово испрати извинување до навивачите.

„Поминувајќи ги ваквите натпревари однадвор ми овозможува да разберам како размислуваат нашите фанови за ваквите ноќи. Извинувањето е единствено нешто кое можеме да го направиме сега. Разочарувањето и фрустрацијата мораме да ги претвориме во лутина и да ги оствариме целите кои ни останаа“, порача Бонучи.

Јувентус до крајот на сезоната ќе се бори на домашната сцена во Купот на Италија и Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ в недела се збогува од Милан?

Милан во недела на „Сан Сиро“ игра против Каљари, а стадионот повторно ќе биде исполнет до…